21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Израел: Вакцината спречува симптоматски ковид-19 во 94 проценти од случаите

Најчитани вести

Студија на најголемата израелска здравствена служба покажа ефикасност од 94 проценти на вакцината Фајзер / Бајонтек во спречувањето симптоматски ковид-19 и 92 проценти во спречувањето сериозни случаи на заболување.

Истражувањето на здравствената служба Клалит опфатила 600.000 целосно вакцинирани лица, вклучувајќи 170.000 над 60-годишна возраст и 430.000 на возраст од 16 до 59 години и 600.000 невакцинирани Израелци.

Се верува дека ова е најголемата ваква студија досега во светот, а покажа дека вакцината е многу ефикасна и дека се потврдуваат претходните испитувања, објавија вчера израелските медиуми.

Епидемиологот д-р Ран Балицер, кој управува со политиката за здравствено планирање во Клалит, рече дека претходните студии се занимавале со инфекциите, но не и со симптомите, и затоа не можеле да се споредат со клиничкото испитување на Фајзер.

„Сега, за прв пат, споредуваме вакцинирана група со контролна група со слични карактеристики за да видиме дали вакцината функционира според правилата“, рече тој.

Вакцината, исто така, спречува сериозна болест кај луѓе на возраст од 70 години и постари, за кои немаше доволно податоци во студијата на Фајзер, објасни Балицер, кој ги анализирал податоците со своите израелски колеги и тимот од Универзитетот Харвард.

Една недела по втората доза, вакцината е ефикасна од 91 до 99 проценти во спречувањето сериозни случаи на ковид-19, покажа студијата.

Податоците сугерираат дека ефективноста може да се зголеми две недели по втората доза, но за тоа ќе бидат потребни дополнителни анализи, рече Балицер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести