30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Израел: Без камери на избирачките места во арапските заедници

Најчитани вести

Изборната комисија на Израел го отфрли планот на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху да се постават камери на избирачките места во арапските заедници за време на парламентарните избори, што ќе се одржат во септември.

Претседателот на Изборната комисија Ханан Мелцер преку соопштение наведе дека инспектори ќе забранат снимање на избирачките места, како и тоа дека комисијата ќе направи се за да ги спречи „оние кои сакаат да постигнат резултат надвор од демократските правила“.

За време на изборите одржани во април Ликуд постави активисти со камери на избирачките места во арапските заедници за, како што рекоа, на тој начин да се борат против изборните измами. Меѓутоа, тоа наиде на осуда од многумина, кои сметаат дека на тој начин се заплашуваат и се одвраќаат од гласање припадниците на малцинските заедници.

Изборите во Израел ќе се одржат во септември, откако Ликуд не успеа да формира влада по априлските избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести