23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Израелците развиле нова батерија за електрични автомобили – се полни за пет минути

Најчитани вести

Од празна до полна батерија на електричен автомобил за само пет минути – израелска компанија развила технологија што може да го отстрани проблемот со мала автономија во возењето

Експертите за ултра брзо полнење во StoreDot ја развиле првата генерација на литиум-јонска батерија што може да им конкурира на конвенционалните бензински или дизел возила во однос на времето на полнење.

„Иновацијата може да заштеди часови потребни за полнење електричен автомобил“, вели основачот на StoreDot, Дорон Мајерсдорф.

Во моментов, производителот тестира прототипови.

Компанијата, со седиште во близина на Тел Авив, има поддршка од четири клучни инвеститори – германски Daimler, British Petroleum, Samsung и TDK. Мајерсдорф, кој компанијата ja основал во 2012 година, тестирал иновативни батерии на телефони, беспилотни летала и скутери пред да се посвети на голем залак – електрични возила.

„Сакавме да покажеме дека можете да земете литиум-јонска батерија, да ја модифицирате и да ја наполните за пет минути.

Тие го замениле оригиналниот графит во анодата на батеријата со силициум.

„Иновацијата на литиум-јонски батерии ја подигнавме до екстремно на способност на полнење“, додава тој.

Електричните возила се уште се скапи и во 2019 година се само 2,6 проценти од глобално продадените автомобили, според Меѓународната агенција за енергија. Според Мајерсдорф, колку побрзо светот се префрли на електрични возила, толку подобро затоа што верува дека ќе има огромно влијание на планетата. Сепак, рециклирањето на овие батерии останува проблем. Секоја има животен век од 3.000 до 3.500 полнења.

„Треба да воспоставиме систем за рециклирање и на тоа сè уште се работи“, вели Ерик Есперанс, аналитичар во консултантската фирма Roland Berger.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести