Селекторот на фудбалската репрезентација на Израел, ЕндиХерцог, смета дека шансите за победа на неговата селекција и Македонија се подеднакви.
Херцог на прес конференцијата пред мечот со Македонија, изјави дека во проценти шансите на двете селеции се исти, 50-50, со помош на публиката можеме до победа, изјави предводникот на Израел.
„За нас публиката е многу важна ако сакаме да победиме, потребна ни е целосна поддршка, шансите на двата тима се 50-50, во моментов сме втори на табелата, сакаме така да остане и по средбата со Македонија. Можеме да победиме ако играме како на мечот со Полска, но така треба да играме сите 90 минути, а не само 60, уверен сум дека можеме да победиме“ – изјави Херцог.
Израел и Македонија се среќаваат во Беер Шева на 5 септември, натпреварот започнува од 20-45 часот со пренос на Спортклуб.