4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Израелско истражување покажало дека третата доза на вакцината има слични нуспојави како втората

Најчитани вести

Израел, пред околу десет дена почна да нуди трета доза од вакцинација на луѓето постари од 60 години, како дел од напорите да се забави ширењето на многу заразна делта варијанта на висурот. Тоа земјата ја претвори во полигон за тестирање на третата доза, пред таа да биде одобрена од американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Најголемата израелска здравствена установа, Клалит, вчера соопшти дека вакцинирала повеќе од 240.000 луѓе со третата доза на вакцината „Фајзер”/ „БиоНТек”. Околу 4.500 лица, кои веќе ја примиле третата доза, во периодот од 30 јули до 1 август одговориле на прашањата и биле вклучени во истражувањето.

Осумдесет и осум проценти од учесниците во истражувањето кажале дека се чувствуваат „слично или подобро” во деновите по добивањето на третата доза во споредба со тоа како се чувствувале по втората доза.

Триесет и еден процент пријавиле некои несакани ефекти, а најчеста била болката на местото на инјектирање.

Околу 0,4 проценти од испитаниците рекле дека страдаат од тешкотии при дишењето, а еден процент изјавиле дека побарале лекарска помош поради еден или повеќе несакани ефекти.

Шефот на одделот за истражување на Клалит, Ран Балисер, изјави дека резултатите, иако се „првични и самопријавени”, овозможуваат споредување на несаканите ефекти со втората доза и „излегува дека во повеќето случаи тие се слични или помали во трета доза “.

-Иако се уште немаме долгорочно истражување за ефикасноста и безбедноста на третата доза, за персонално управување со ризиците кај луѓето постари од 60 години, овие наоди се уште укажуваат на придобивките од вакцинацијата, со внимателно однесување на возрасните и избегнување на собири во затворен простор, кажа Балисер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com