-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Израелските борбени авиони го нападнаа сириското пристаниште Латакија

Најчитани вести

Израелски борбени авиони рано утринава истрелаа ракети врз пристаништето во градот Латакија, а во нападот нема жртви, соопшти сириската армија.

Cириските државни медиуми јавија дека неименуван воен претставник изјавил дека неколку ракети го погодиле делот од пристаништето каде се наоѓаат контејнери и дека тие биле зафатени од пожар.

Други детали за нападот не се соопштени.

Ретки се нападите на пристаништето Латакија, кое е од витално значење за сирискиот увоз, земјата разурната од децениската војна.

Сириската државна телевизија јави дека во пристаништето се слушнале пет експлозии и дека избувнал голем пожар, а противпожарните возила брзо успеале да го изгаснат.

Израелската армија досега не даде никаков коментар за настанот.

Израел во изминатите години изведе стотици напади врз цели во делот на Сирија што е под контрола на сириската Влада, но ретко презема одговорност и дава коментари за ваквите свои операции.

Во претходните напади, цел меѓу другото беше и аеродромот во главниот град Дамаск.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com