7 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Израелската војска собори дрон над појасот Газа

Најчитани вести

Израелската војска соопшти вечерва дека соборила беспилотно летало на „невообичаена висина“ над појасот Газа.Израелската војска соопшти вечерва дека соборила беспилотно летало на „невообичаена висина“ над појасот Газа.

Како што е наведено, израелски борбени авиони летнале да го пресретнат дронот, но војската не го коментираше понатаму инцидентот.

Се верува дека исламистичката екстремистичка група Хамас која владее со појасот Газа со помош на Иран развива беспилотни летала кои главно се користат за разузнавање вдолж границата со Израел.

Израел објави дека пресретнал најмалку три дрона над Газа во последните неколку месеци.

Во септември беше соопштено дека дрон од Газа фрлил експлозив врз воено возило крај оградата на границата со Израел.

Ниедна екстремистичка организација не ја презема одговорноста за тоа, а израелската војска нападна неколку цели на Хамас во знак на одмазда.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести