20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Изолација на член на Судечкиот совет го одложи „Титаник“ за 5 април

Најчитани вести

Денешното рочиште за предметот „Титаник“ се одложува поради издадено решение за изолација на член на Судечкиот совет. Одложено е и наредното рочиште предвидено за 29 март 2021 година, а следната расправа е закажана за 5 април, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Во „Титаник“, освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Маријан Накески, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести