36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Изнајмиле стан, па добиле список со 8 бизарни барања: „И во затвор има помалку правила“

Најчитани вести

Неодамна на социјалната мрежа „Reddit“ се појавил список од правила на еден издавач на станови кој што предизвикал бурни реакции во јавноста.

Имено, едно младо момче со неколку цимери изнајмиле стан, но не се надевале дека ќе добијат ваков список со правила.

„Ги пронајдовме овие ‘едноставни правила на куќен ред’ штом се вселивме. Инаку, сите ние имаме по 20-на години“, напишал анонимецот на „Reddit“, па ги споделил барањата.

Тој исто така додал дека човекот кој им го издал станот им кажал дека еднаш неделно ќе ги посетува за во својата канцеларија да заврши некоја административна работа.

Ова се правилата:

1. Нема одење со чевли по катот, само со папучи.

2. Сите светла кои што не се користат треба да бидат исклучени. Конкретно, кога се готви во приземјето, светлата во спалната соба не смее да бидат вклучени.

3. Сите стаклени шишиња, тегли и слично треба да се фрлат надвор во зелената корпа за отпадоци.

4. Секогаш по употреба, кујната треба да ја исчистите и да биде чиста како првпат кога ја видовте.

5. Греење смее да вклучувате само доколку температурата е 18 и под 18 Целзиусови степени.

6. Ниту еден пламен не смее да остане без надзор (на пример свеќа).

7. Немојте да ставате топли тенџериња или тави на работната површина во кујната, користете метални подлоги.

8. Затворајте ја вратата по влегување и излегување од домот.

„И во затвор има помалку правила“, „Јас моментално би го откажал престојот таму. Тие работи се неважни, но покажуваат дека имате работа со проблематичен човек“, биле само дел од коментарите на објавата.

Што мислите вие – дали човекот кој што го издавал просторот претерал?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести