7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Измените на Законот за данок на добивка на собраниска седница

Најчитани вести

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 114. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, поднесен од пратеници од парламентарното мнозинство.

На деневен ред се и предлог законите за класифицирани информации и за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, двата во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за претседателските избори и предвремените избори за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар.

На дневен ред на седницата е и Предлог одлуката за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршувањето на законите и злоупитребите во работењето на СЈО, поднесена од група пратеници од опозицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести