1 C
Skopje
Friday, March 5, 2021

Изложба 50-години творештво и промоција на публикација на МИЦКО Мице Јанкуловски

Најчитани вести

По повод 50 години од творештвото на МИЦКО – Мице Јанкуловски денеска во спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана публикација во организација на центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Делата на Јанкуловски насликани со црната боја, професионалната јавност ги препознала како исклучително значаен придонес во еден ексклузивен сегмент на уметници во историјата на уметноста, кои сликале со црна боја. Историчари на уметност и куратори, препознаваат различни димензии во неговото сликарство.

Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои: Ел Греко награда за најдобар уметник, Лоренцо ил Мањифико награда за животно остварување, Награда Уметник на светот, Гран при на Меѓународното графичко биенале во Бугарија…

Отворањето на самостојната изложба на МИЦКО и промоцијата на публикацијата, Центарот за култура најави дека ќе се одвива согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести