17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Изложба посветена на принцезата Дaјана во Лас Вегас

Најчитани вести

Нова изложба посветена на животот на покојната британска принцеза Дaјана се отвора денеска во Лас Вегас, САД, неколку дена по 25-годишнината од нејзината смрт во сообраќајната несреќа во Париз, Франција.

„Принцезата Дaјана: Изложба со посвета“ содржи повеќе од 700 оригинални лични предмети на принцезата, вклучувајќи вечерни тоалети и други артефакти. Една од главните атракции е репликата на венчаницата на Дијана направена од белгиската уметница Изабел де Боршграв. Дејвид Корели, куратор и одговорен за изложбата, рече дека просторот за венчавки на изложбата ги инспирирал креаторите да им нудат на гостите пакети за нивните сопствени свадби во просторијата „Свадбата на векот“, што ќе ја вклучува целата церемонија и приватна вечера – меѓу кралските сувенири…

„Лас Вегас е главен град на свадбите во светот. Секоја година во градот се одржуваат 120.000 венчавки. Така, тука ја имаме оваа одлична соба што ја слави најпознатата венчавка на сите времиња, со неверојатните артефакти коишто ве опкружуваат“, рече Корели.

Изложбата не ја претставува само принцезата Дaјана. Изложени се и предмети поврзани со принцот Чарлс, принцовите Вилијам и Хари, а има и предмети поврзани со кралицата Викторија од 19. век.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com