Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин, откако ги фрли оделата и свечената облека, карактеристична за политичарите, не излезе од „парти“ аутфитот. На Инстаграм таа објави неколку фотографии од музичкиот фестивал Flow кој се одржуваше во Хелсинки од 11 до 14 август.
Неколку месеци по разводот, Сана позираше во неколку изданија – црн полупроѕирен фустан, розов тесен фустан и кожено мини здолниште и топ.
Се чини дека таа се посвети на приватниот живот и забавата по поразот на парламентарните избори во Финска.
Таа беше критикувана дека е партизирана
Претходно Сана беше критикувана за видеата од забавите на кои често одела додека била премиер.
На едно од видеата се гледа како Марин танцува во четири часот наутро во клуб во Хелсинки, а се шпекулира дека таа и нејзиното друштво се дрогираат. Тогаш Сана била тестирана за дрога и резултатот бил негативен.