0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Изгоре куќа во пожар во делчевското село Град

Најчитани вести

Во пожар, кој попладнево избувна во делчевското село Град изгоре куќа, сопственост на семејството Атанасови. Пожарот прв го забележал еден од сопствениците на куќата, кој спиел, но го разбудила миризбата на запалено.
Жителите на селото информираат дека благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Делчево спречено е проширување на пожарот на околните куќи.

Во пожарот нема повредени, а како причина се напоменува неисправна плинска боца. Претходно, делчевската противпожарна единица интервенираше на запалено комби возило на магистралата А3 кај селото Ѕвегор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести