Изминатата ноќ во 02.30 часот во полициската станица Гази Баба било пријавено дека на паркинг-простор на улицата „Ташко Караџа“ во населбата Автокоманда настанал пожар во автомобил „БМВ“, сопственост на Д.Д.(38) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и „Пежо 207“, сопственост на фирма од Скопје, како и автомобил „Ауди А2“, сопственост на Х.С.(28) од Скопје, велат од полицијата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Полицијата извршила увид.