Високите температури за време на викендот предизвикаа шумски пожари во Португалија.
Управата за цивилна заштита соопшти дека над илјада пожарникари, со повеќе од 300 возила и неколку авиони и хеликоптери кои пренесувале вода учествувале во гаснењето на пожарот што изгоре околу 7.000 хектари.
Пожарот во Каталонскиот регион блиску до француската граница е ставен под контрола.