Home » „Изгледа подобро од мене“: Мадона и нејзиниот син облечени во ист фустан

„Изгледа подобро од мене“: Мадона и нејзиниот син облечени во ист фустан

by Журнал.мк

Кралицата на поп музиката Мадона, иако за неколку дена ќе го прослави својот 64 – ти роденден, не престанува да ја шокира јавноста со своите ставови.

Пејачката во шоуто на Џими Фалон изјави дека си ги менуваат облеките со нејзиниот син Дејвид, истакнувајќи дека тој ги носи и нејзините фустани.

„Тој може да носи што сака и да изгледа кул. Тоа е толку иритантно… Тој ги носи моите работи и изгледа подобро од мене. И кога носи фустани, тој не ја губи својата машкост. Неверојатно“, изјавила Мадона во шоутон на Фалон.

Инаку, пејачката го посвои Дејвид од сиропиталиште кога тој имаше само 13 месеци.

Мадона е мајка на 6 деца и тоа 25-годишната Лурдес, 22-годишниот Роко, 16-годишната Мерси, 16-годишниот Дејвид и 9-годишните близначки Естер и Стела.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk