6 C
Skopje
Wednesday, April 14, 2021

Изгледа како модел, а поради својата професија сите ја осудуваат: „Возењето автобус е мојот сон уште од мали нозе“

Најчитани вести

„ Веќе три години слушам едно исто, но не сакам да се откажам од она што најмногу го сакам заради предрасуди.

Џоди Ли Фокс (24) од Велика Британија работела како негувателка до својот 21-ви роденден, кога решила да ја смени кариерата и да стане возач на автобус.

Но, нејзината желба не беше одобрена – многумина ѝ велат дека е преубава за да ја работи таа работа.

„Ја напуштив работата како медицинска сестра, бидејќи сфатив дека мојата страст оди во друга насока“, вели Џоди.

– Автобусите ме привлекуваа уште од мала. Секогаш кога се качував во автобус, седев напред во близина на возачот и следев што прави. Сега го реализирав својот сон, но секој ден доживувам нова реакција од патниците, најчесто од мажите. Тие ми велат дека никогаш не виделе толку убава жена да вози автобус.

Волшебната Џоди добива слични коментари од пријателите, познаници и соседите:

– Ми велат дека сум преубава за да ја работам оваа работа, но тоа не ме интересира. Поминав низ многу тестови и обуки за да ја работам оваа работа. Возењето автобус не е лесно како што мислат луѓето.

Таа вели дека е тешко да се здружи со колегите на работа, бидејќи сите се многу постари од неа и убедени дека професијата што ја одбрала е „само за мажи“.

Поради својот изглед и занимање, таа стана популарна на социјалните мрежи, со што ги разбива предрасудите за поделба на занимањата на машки и женски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести