21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Изгласан нов закон во Германија, Меркел може да прогласи строги мерки низ целата земја

Најчитани вести

Бундестагот ги усвоил измените на законот за заштита од зараза, што им овозможува на централните германски власти да воведат мерки за борба против пандемијата низ целата земја, што досега беше одговорност на сојузните држави.

Измените во законот овозможуваат централно воведување на т.н. пандемични сопирачки за итни случаи во окрузите каде седумдневната инциденца надминува 100 за време на три последователни денови.

Мерките вклучуваат забрана за движење помеѓу 22 и 5 часот наутро, ограничувања на работењето на трговијата на мало и намалување на контактите на минимум.

Одењето или трчањето е дозволено до полноќ. До инциденца до 150, продавниците ќе можат да продаваат преку постапката „Кликни и земи“ со која што клиентот нарачува во продавницата.

Законските измени, кои во моментов се ограничени на крајот на јуни, исто така овозможуваат воведување часови преку Интернет кога ќе се надмине инциденцата од 165. Домаќинствата имаат дозвола да примаат посета само од едно лице, кое не припаѓа на тоа домаќинство.

Во исто време, од работодавците се бара да обезбедат работа од дома, а на вработените кои доаѓаат на работа им се дава можност да бидат тестирани за коронавирус најмалку еднаш неделно.

Досега, воведувањето мерки за борбата против пандемијата беше одговорност на федералните покраини. Но, федералната влада не е задоволна од спроведувањето на мерките договорени меѓу федералните и провинциските власти, па затоа инсистира на унифициран пристап.

Промената на законот е изгласана од владиното демохристијанско-социјалдемократско мнозинство во Бундестагот. Опозициските партии се спротивставија или беа воздржани.

Законот утре треба да го донесе домот на федералните провинции Бундесрат, по што теоретски може да стапи на сила во сабота.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести