Со 288 гласа „за” од вкупно 300 пратеници, грчкиот парламент даде зелено светло за законот за право на глас за Грците кои живеат во странство.
Ова мнозинство се смета за историски консензус во Грција, пренесе МИА.
Новиот закон го поддржаа сите партии со исклучок на партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, МЕРА25, која беше против.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на расправата непосредно пред гласањето рече дека станува збор за историска седница со голем меѓупартиски консензус.