17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Извршителите имаат забелешки за отписот на камати

Најчитани вести

Извршителите имаат забелешки за Законот за репрограмирање на долговите преку кој треба да се отпишат каматите на граѓаните за неплатени долгови кон Јавните претпријатија на државно и локално ниво.

За да им бидат отпишани долговите граѓаните ќе треба самите да се обратат директно кај компаните кои се побарувачи.

Премтим ќерими од Комората на извршители во гостувањето на Алсат рече дека овој начин е тешко остварлив.

Според него, извршителите треба да добијат поголема слобода бидејќи, како што рече, тие најдобро знаат како да профункционира Законот.

-Мислам дека ова што се предвидува со најавата за новиот закон, дека самиот должник треба да биде дел од целата оваа постапка мислам дека не е добро. Треба да биде по сила на закон. Јавните претпријатија нема да бидат во можност да одговорат на потребите и условите коишто се предвидени во законот, зборувам за јавните претпријатија. Треба да им се даде малку слобода на извршителите бидејќи тие знаат како е најдобро да профункционира овој закон, вели Ќерими.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести