4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Извршителите ги повикаа граѓаните да бидат внимателни, Заев најавува нови законски измени

Најчитани вести

Присилната наплата останува и покрај измените во законот според кои каматата не смее да биде повисока од долгот. Измените во законот за облигациони односи ги збуниja граѓаните. Дали ќе важи за сите долгови и кои камати се опфатени. Во законот јасно стои дека се однесува само на договорните, а не на затезните камати, велат од Комората на извршители. Затоа ги предупредуваат граѓаните – да внимаваат, во моментот кога кај нив се поднесува барањето за присилно извршување, договорните камати престануваат да важат. Се пресметуваат затезните, односно казнените кои се доста повисоки и надминуваат 11%.

-Релативно мал дел од предметите пристигнуваат со договорна камата Тоа се оние предмети кои пристигнуваат од договорен однос, по правило со банките. Најголемиот дел од предметите, 99% се предмети за комунални побарувања, неплатени сметки за струја, парно,. телекомуникации, каде што нема договорна камата. Таму има затезна камата. Што значи дека комплетно не се однесува на нив овој закон, изјави Гордан Станковиќ, Комора на извршители.

Токму заради високите затезни камати, кои неколкукратно го зголемуваат основниот долг на граѓаните, премиерот Заев најави дека се крои ново законско решение. Ќе се бара после 10 та година да не се пресметуваат казнените камати.

-Прво, дефинитивно ќе предизвика одредени последици кај банките и кај компаниите, но ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата и да продолжат после 10 години да пресметуваат затезни камати, тоа е маѓепсан круг во кој се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банките или фирмите“, рече Заев. Правните субјекти и да изгубат, ќе изгубат дел од нивната добивка, не ја губат фирмата, нема да пропадне банката, или компаниите, додаде премиерот.

Инаку измените во законот за облигациони односи ќе почнат да се применуваат од 1 октомври. Целта е да им се помогне на посиромашните граѓани, кои не плаќање долгови за кредит, струја, комуналии, телекомуникациски услуги.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com