27.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини

Најчитани вести

Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека руската инвазија продолжува да има разорно влијание врз украинскиот земјоделски сектор и оти извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини.

Според извештајот војната влијаела и на синџирите за снабдување со семиња и ѓубриво.

– Руската блокада на Одеса го спречува извозот на храна и малку е веројатно дека украинскиот извоз на жито во 2022 година ќе биде поголем од 35 отсто во споредба со мината година, се посочува во извештајот на британското Министерство за одбрана.

Исто така се наведува дека по освојувањето на Лисичанск, најверојатно фокусот на Русија ќе се биде насочен кон Доњецк.

– Борбата за Донбас е жестока и исцрпувачка и малку е веројатно дека тоа ќе се промени во следните недели, соопшти британското Министерство за одбрана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com