17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Извозот на Газпром во Европа во 2020 година намален за 12 отсто

Најчитани вести

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ денеска соопшти пад на својот извоз во Европа во 2020 година, кога цените и побарувачката во енергетската индустрија пропаднаа поради пандемијата на коронавирус.

„Газпром“, кој ја вклучува Турција во Европа, соопшти дека неговиот европски извоз паднал за 12,1 процент во 2020 година на 174,97 милијарди кубни метри на годишно ниво, од 198,97 милијарди кубни метри, што тој ги извезуваше во Европа во 2019 година.

Падот, сепак, ја надминува прогнозата на „Газпром“ за 2020 година, која лани предвиде извоз од 166,6 милијарди кубни метри во Европа.

Рускиот производител добива голем дел од своите приходи од европскиот извоз, особено во Западна Европа. Нејзин главен потрошувач е Германија, чиј увоз на гас опадна за 14 проценти во 2020 година во споредба со претходната година.

Додека побарувачката на гас беше погодена од пандемијата, плановите на „Газпром“ за зголемување на извозот во Европа беа спречени од неизвесноста околу гасоводот „Северен тек 2“, меѓу Русија и Германија, кој е речиси завршен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести