37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Извинете, виновен е алгоритмот: Фејсбук ја вратил страната на француското гратче со спорно име

Најчитани вести

Историскиот град на североистокот на Франција наводно добил извинување од Фејсбук, откако технолошкиот гигант му ја изгасил страната поради тоа што името на градот “Бич” потсетува на зборот “кучка” на англиски.

Градот Бич така паднал како жртва на алгоритмот на социјалната мрежа, кој проценил дека станува збор за навреда и без објаснување ја изгасил страницата на градот во кој живеат 5.000 луѓе, пишува “Гуардиан”.

По денешниот извештај, Фејбук повторно ја вратил страната Вил Де Бич. Градоначалникот Беноа Кифер рекол дека генералниот директор на Фејсбук за Франција лично го исконтактирал и му ветил дека страницата ќе биде вратена, како и дека му се извинил поради непријатноста.

Фејсбук страницата на градот е исклучена без објаснување на 19-ти март, поради што градот отворил нова, “Мари 57230”, наречена по поштенскиот број.

Претставничка на градот за локалните медиуми рекла дека се обидела на сите начини да го контактира Фејсбук, но без успех. Таа навела дека имала проблеми и кога ја отворала страницата, бидејќи не можела да го напише зборот “Bitche” поради вулгарната конотација на англиски јазик, и покрај тоа што од описот на фотографијата било јасно дека станува збор за град.

Откако Фејсбук ја вратил страницата која по грешка ја укинал, градоначалникот го повикал Марк Закерберг да го посети нивниот град.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести