Избришаната сцена од култниот филм „The Dark Knight“ од 2008 година, по мислењето на обожавателите, требало да биде задржана затоа што на совршен начин го интерпретира нивото на чудност на Џокер во изведба на починатиот актер Хит Леџер.
Сцената го претставува Џокер кој ја пали фиктивната општа болница во Готам и потоа бега од местото во училиштен автобус. Како што автобусот се одвојува, ликот на Леџер се гледа како седи смирено и со блага насмевка на лицето додека поминува покрај сè поголемата детонација која предизвикува апсолутен хаос кој воопшто не го допира него.

Теориите сугерираат дека смртта на 28-годишниот актер во јануари 2008 година претставува резултат на неговите екстремни актерски методи и процес кој го креирале Џокер.
Леџер за „Empire“ изјавил:
„Седев во хотелска соба околу еден месец, се заклучував и изолирав од сè, направив мал дневник и експериментирав со гласови“.
Врската на Хит со актерката Мишел Вилијамс завршила во септември 2007 година, Леџер многу тешко се борел со разделбата од неговата ќерка која ја добил со Вилијамс.
Исто така, според одредени извори тој пател и од несоница, а во една прилика за „NewYork“ изјавил дека спие само по два часа:
„Не можам да престанам да размислувам. Моето тело е целосно исцрпено, но мозокот непрекинато продолжува да работи“.
Сè што споменавме сигурно е дел од тоа што подоцна беше преточено во најдобриот Џокер на сите времиња.

Перформансот на Леџер на совршен начин го истакнал склопот на супернегативец и ги убедил гледачите дека постоењето на тој манијакален убиец навистина е можно.
Актерот за оваа улога постхумно доби Оскар.