Собранието на денешната седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата.
Одлуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. Ацевски во државниот завод за ревизија работи од 2001 година. Мандатот на претходниот главен ревизор истече пред две години, а потоа од институцијата раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник.
Собранието го именуваше Крсте Шајновски за претседател на советот на експерти на агенцијата за супервизија на осигурување. За предлогот не гласаше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека со неговите активности покажал дека е партиски кадар на СДСМ, а не професионалец.