Home » ИЗБРАНА АКТЕРКАТА КОЈА ЌЕ ЈА ИГРА МАДОНА Ѕвездата на серијата на „Нетфликс“ во филмот за кралицата на поп-музиката

ИЗБРАНА АКТЕРКАТА КОЈА ЌЕ ЈА ИГРА МАДОНА Ѕвездата на серијата на „Нетфликс“ во филмот за кралицата на поп-музиката

by Журнал.мк

Џулија Гарнер, ѕвездата на серијата на Нетфликс „Inventing Anna“, наскоро би можела да ја глуми Мадона.

Како што пишува „Вариети“, актерката ја добила главната улога во претстојниот биографски филм за кралицата на поп-музиката, додека конкуренција ѝ биле десетици други актерки.

Мадона е вклучена во филмот и ќе биде ко-сценаристка, продуцентка и режисерка.

– Проектот „Мадона“ е во активен развој, а Џулија Гарнер е избрана да ја игра главната улога во филмот – изјави за „Пипл“ извор близок до проектот.

Кралицата на поп-музиката го најави овој проект минатиот октомври, а потоа изјави дека сценариото е речиси готово.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More