7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Изборот на главен државен ревизор на дневен ред во Собранието

Најчитани вести

Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски и изборот на главен државен ревизор се само дел од 73-те точки на дневен ред на 123-тата собраниска седница што треба да се одржи денеска.

Во рамки на седницата, пратениците треба да ги разгледаат и точките за избор на заменици на Народниот правобранител и на главниот државен ревизор, како и за објавување огласи за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

На дневен ред на оваа седница се и неколку ратификации и закони во прво и во второ читање, како и закони по скратена постапка. Дел од законските предлози се за усогласување со новиот Законот за прекршоци, односно намалување на глобите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com