16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Иднината на работните места во фокус на четвртиот Форум на добри компании

Најчитани вести

Иднината на работните места, што донесе пандемијата за бизнисот, како се одрази врз работникот и какво е нејзиното влијание во трансформацијата на работните места, се прашањата кои ќе бидат во фокусот на четвртото издание на Форумот на добри компании, што денеска и утре ќе биде одржан онлајн преку платформата „Зум“.
Настанот, според организаторите, е од регионален карактер и ќе понуди холистички поглед кон можната трансформативна промена на интерсекцијата – бизнис – институции – граѓанско општество. Помеѓу главните говорници ќе бидат менаџери на компаниите „Декатлон“ и „ИКЕА“, но, и истражувачи од Европа, со цел да се фрли светло на опциите преку кои бизнисот може да ја зголеми продуктивноста, компетитивноста, а во исто време да направи и промена во општеството.

Потврдени говорници на форумот се Чарли Фелгејт, лидер за иновации во „Декатлон Јунајтед“, Ан-Софи Гунарсон од „ИКЕА“ Иницијатива за социјални претпријатија, Анете Скопета – заменик-директорка во Европски центар за социјална заштита, Даниела Зампини, постара специјалистка за вработување од Меѓународна организација на трудот, Карел Вандерпортен – претставник на Европска комисија, Вим ван Амел – косопственик, „Ај Диверсо“ и Елиах Родман од „My Interview“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести