-2 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Иднината на Нејмар ќе се решава во Ливерпул, ПСЖ прифатил еден од условите на Барса се бара решенеи за најжешката точка

Најчитани вести

Преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ за трансфер на Нејмар мрднале од мртва точка, според Радио Монте Карло, „светците“ прифатиле еден услов односно Филипе Кутињо да биде дел од трансферот

Изминатиов викенд, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека има напредок во преговорите за заминување на Нејмар и затоа напаѓачот нема да биде во составот за дуелот со Ним. Сепак, тој не откри повеќе детали па остана не јасно што точно мисли со оглед на тоа дека во последните денови во трката за потписот на Бразилецот се приклучи и Реал Мадрид.

Според пишувањата на Радио Монте Каарло, Барселона е таа која ги забрзала преговорите, и во четвртокот имало состанок на директори од двата клуба на кој е направен значаен програс.

Извештајот вели дека ПСЖ прифатил еден од условите на Барселона, односно да биде вметнат играч во зделката. „Светците“ дале зелено светло за Филипе Кутињо. Сега се бара решение за најжешката точка, односно сумата на пари која ќе треба да биде доплатена.

ПСЖ инсистира на што е можно поголема бројка бидејќи сака да донесе замена за Нејмар (Пауло Дибала од Јувентус) како и нов голман (Џиџо Донарума). Ставот на Барса претходно беше дека нема да се плати ниту едно евро, но со оглед на тоа дека Реал Мадрид прави сериозни напори, „каталонците“ би можеле да ја променат стратегијата.

Според италијанскиот новинар Танкреди Палмери, Барселона е подготвена да понуди 100 милиони евра плус услугите на Филипе Кутињо, додека пак ПСЖ инсистра сумата да биде 140 милиони евра.

Се очекува оваа недела да има преговори на највисоко ниво и тоа во Ливерпул, каде од понеделник до среда ќе се одржи состанок на Европската асоцијација на клубови. Првиот човек на Барса, Жозеп Мариа Бартомеу треба да се сретне со Насер Ал Келаифи.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести