21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

„Идиот“ во режија на Андреј Цветановски имаше премиера во Нови Сад

Најчитани вести

Во авторската екипа на овој проект се Сергеј Светозарев како сценограф, Благој Мицевски како костимограф, Димитар Анодновски како композитор, како и Јована Ракиќ како кореограф.

Режисерот пред премиерата посака неговата претстава да и помогне на публиката да ја сфати чистата невиност на главниот јунак и да ја почуствува неговата љубов и добрина, а директорот на театарот, Валентин Венцел, после претпремиерата, изјави дека ова е големо враќање на драмскиот театар во однос на постдрамскиот. И нивните желби се остварија. Низ повеќе од три часа гледање на претставата, која овој силен роман го претвара во театарско дејствија, звуци,слики, движења, цело време имате чувство дека се случува нешто многу поголемо од нас самите. Се случува метајазик, метатекст, метеатар – метафизика.

Сценографијата на сценографот Сергеј Светозарев, преполна со огледала, одрази, темни сенки, рамки низ кои се поминува, премини зад кои исчезнуваат луѓе и повторно се појавуваат (како духови), се тоа појачано со фантастичната авторска музика на Димитар Андоновски, владее меланхолијата. Широката голема сцена на Новосадското Позориште е аристократска куќа или двор, со бројни прозори и врати кои создаваат ефект на огледало. Костимите на Благој Мицевски се повеќеслојни, верни на дизајнот на претставата и на концептот темно светло и со својата грандиозност додаваат на епската слика на претставата.

Ама пред се и над се, пред на се волшебните глумци на Новосадско Позориште, скоро цел ансамбл, кои на книжевните лица им ги подарија своите тела и души и који сигурно никој не оставија рамнодушен. Тука се раскошните креации, техника и талент на многу од нив, но ќе ја издвоиме големата четворка протагонисти: Габор Понго како кнез Мишкин, Габриела Црнковиќ како Настасија Филиповна, Роберт Ожвар како Рогожин и Јудит Ласло во улогата на Аглаја. Oсвен овие протагонисти во претставата играат Атила Немет, Силвија Крижан, Агота Ференц, Даниел Гомбош, Иштван Кереши, Ливиа Банка, Атила Гириц, Атила Маџар, Даниел Хуста, Бенце Салаи, Терезиа Фигура и Мелинда Шимон, како и студентитѕе од Академија на уметности во Нови Сад Роланд Ласло, Даниел Тот, Фани Дупак, Регина Сабо, Даниел Дудаш и Бланка Хорват.

Приказната, како и претставата, исклучително е тешка. Заумна. Стануваме светсни што се случува од другата страна на огледалото Режисерот не води во светот на длабоката психологија на човечката душа каде сите луѓе се добри и затрпани во злоба.

Новосадско позориште не враќа на класиците и на традиционалниот театар. Габор Понго како Мишкин ја преиспитува нашата добрина. Режисерот водејќи се од книжевната предлошка, суптилно ни поставува бројни прашања за нашата душа. Постои ли некој кој може да се идентификува со ликот на Лав Николаевич Мишкин? Постои ли таков идиот? Постои ли таков безгрешен човек? Дали сме вредни за сожалување? Има ли надеж во нас? Има ли вера во нас?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com