Home » Идентификуван маж кој се удавил пред 20 години во езеро во кое водата пресушила

Идентификуван маж кој се удавил пред 20 години во езеро во кое водата пресушила

by Журнал.мк

Човечки остатоци пронајдени пред три месеци во езерото Мид му припаѓаат на 42-годишен маж, кој најверојатно се удавил пред 20 години, соопштија властите на Невада.

Канцеларијата на судски вештак во округот Кларк ги идентификуваше останките, кои беа откриени на 7 мај, дека му припаѓаат на Томас Ернд од Лас Вегас.

Томас наводно се удавил на 2 август 2002 година, иако официјалната причина за смртта сè уште не е објавена.

Неговите останки се само едно од многуте шокантни откритија во езерото Мид кои беа откриени во последните месеци, бидејќи нивото на водата неодамна падна на рекордно ниско ниво.

Томас беше идентификуван преку ДНК-анализа и извештај за несреќата кога се удавил, изјави портпаролот на судскиот совет.

Во некролог кој подоцна беше објавен се вели дека Томас бил посветен сопруг и татко на две деца кој загинал во несреќа во езерото Мид, пишува „Метро њуз“.

Посмртните останки на Томас се едно од најмалку трите тела пронајдени кога нивото на водата во езерото падна на историски најниско ниво. Големата суша во регионот е тековно прашање веќе 23 години.

Судскиот совет сè уште работи на идентификување на неколку други останки откриени во текот на летото поради сушата, вклучително и останките на маж пронајден во кородирана цевка со прострелна рана.

Сателитските снимки објавени од НАСА покажуваат како езерото, кое снабдува 25 милиони луѓе со вода од реката Колорадо, драстично се повлекла.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk