5.8 C
Skopje
Saturday, March 25, 2023

Играчите на Манчестер веруваат дека заминувањето на Погба ќе биде од корист за тимо

Најчитани вести

Според информациите на „Дејли мејл“ играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, е близу до заминување од тимот. Медиумите во Англија повикувајќи с ена сигурни извори од тимот, објавија дека неколку играчи на „црвените ѓаволи“ веруваат дека напуштањето на 26-годишниот Французин ќе има позитивно влијание врз клубот.

Претходно беше објавено дека тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред заради добивање на пари за зајакнување на составот.

Погба минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 гола и оствари 11 асистенции. Неговиот договор истекува летото 2021 година.

Вредноста на Погба на фудбалскиот пазар се проценува на 100 милиони евра.

Најнови вести