21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Игор Јанушев ќе биде шеф на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори

Најчитани вести

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучил генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Извршниот комитет, како што стои во партиското соопштение, го задолжил Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

„На состанокот на Извршниот комитет се анализираше и досегашниот тек на акцијата ‘Обнова на Македонија‘ и проблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение. Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија.

Околу актуелната политичко-економска состојба беа нотирани низа сомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат истражени откако Зоран Заев ќе биде поразен и законите ќе важат подеднакво за сите.

Насилничкото однесување на власта, непочитувањето на законите и расипничкото трошење на народните пари се јасен показател дека СДСМ и Заев заминуваат. Секој обид да се узурпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го казнат Заев, ќе повлече одговорност“, се наведува во соопштението.

Извршниот комитет констатирал и дека, како што велат од партијата, власта три години не направила ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести