-5 C
Skopje
Sunday, January 17, 2021

Игор Спасов се бара со потерница

Најчитани вести

Штипскиот суд издал согласност за потерница за специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски. Тој од денеска се бара со потерница на територијата на државата.

Спасов требало да се појави пред една недела во затворот, од каде бил пуштен за лекување, но тоа не се случило. Полицијата го информирала Судот дека Спасов не е најден на подрачје на општина Штип и е во бегство.

Доколку не го пронајдат на територија на државата, Судот ќе биде известен, по што тој дава согласност за издавање на меѓународна потерница.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести