Home » Иги Азалиа вечерва на Егзит: Петроварадинската тврдина подготвена за добар рап

Иги Азалиа вечерва на Егзит: Петроварадинската тврдина подготвена за добар рап

by Журнал.мк

Вечерва започнува фестивалот Егзит на кој ќе настапи популарната раперка Иги Азалиа.

РапВо 2014 година се појави раперката Иги Азалиа, која поради големите хитови и специфичниот глас почна да ја нарекуваат женскиот Еминем или белата жена која доминира на рап сцената.

https://www.instagram.com/p/CfXWuNwFSk7/?utm_source=ig_embed&ig_rid=92b0fb78-15e2-4902-acbe-4f5ac8f70c99

Во февруари 2014 година, таа постигна огромна популарност со синглот „Fancy“, кој го сними во соработка со британскиот пејач Чарли Икс-С-Икс. Песната достигна огромен комерцијален успех низ целиот свет, а исто така се искачи на врвот на Билборд ХОТ 100 листата во Америка.

Таа потоа го издаде својот деби албум, „The New Classic“, во април. Албумот беше сертифициран за платинест албум од Американската асоцијација на издавачката индустрија за продадени над еден милион дискови. Истиот месец, таа соработуваше со американската пејачка Ариана Гранде на дуетот „Problem“, со што стана единствениот изведувач по Битлси кој има песна на првото место и на второто место на топ листите на Билборд во исто време.

Следната година, таа исто така беше номинирана за Греми награда во четири различни категории.

https://www.instagram.com/p/Ca-Vznav5H4/?utm_source=ig_embed&ig_rid=a585c47d-56c5-447b-bc86-acaaa9d35d92

Иги вечерва настапува на Егзит, а доколку купивте карти за фестивалот, бидете подготвени за одлична забава.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More