25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Иван Ѓикиќ: ДОАЃА ТРЕТИОТ БРАН, се очекува ново влошување на ситуацијата

Најчитани вести

Хрватскиот научник од Гете институтот во Франкфурт, Иван Ѓикиќ, предупреди денеска дека пандемијата не слабее, доаѓа третиот бран и дека се очекува влошување на ситуацијата низ цела ЕУ во текот на овој и следниот месец.

Ѓикиќ вели дека особено загрижува појавата на неколку нови видови на побрзо ширење на вируси, кои можат да го затрпаат и оптоварат здравствениот систем многу побрзо досегашниот вид.

„Ова нè упатува на неопходната дополнителна претпазливост, пред се во воведувањето на подобри технологии за тестирање и откривање на ширењето на вирусот, како и на дополнителна поддршка за здравствениот систем“, рече Ѓикиќ за загрепскиот „Вечерњи“.

Тој посочи дека поради овие два фактори, многу земји ги продолжуваат и заоструваат епидемиолошките мерки до крајот на јануари, и потребно е внимателно да се следат сите промени во локалните средини, по што ќе има евалуација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести