37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Иванов: Немав информации за најава за организиран влез на толпа во Собранието

Најчитани вести

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, сведочеше по повод денешното рочиште за „организаторите на 27 април“. Тој рече дека како тогашен шеф на државата, од ниту една служба немаше информации за најава на организиран влез на толпата во Собранието.

Прашан дали како поранешен претседател на државата имал информацик за оневозможување на мирно примопредавање на власта на 27 април 2017 годиназ Иванов, категорично рече дека такви информации немал.

За изнесените информации за прогласување воена состојба на 27 април 2017 година, Иванов рече дека се што е поврзано со воена состојба произлегло од текст објавен во еден неделник, неколку дена претходно.

– Беа изнесени невистини и шпекулации кои потоа се пренесуваа и коментираа. Целиот текст е небулоза, затоа што уставот е јасен. Како држава имаме строго дефинирани механизми за спречување злоупотреба на воена состојба. Тоа е школски пример на психолошка војна, за некој да преземе нешто, а вината да падне на претседателот и армијата, рече Иванов.

Прашан како тогашен претседател на државата, каков бил неговиот став за граѓанското движење “За заедничка Македонија”, Иванов рече дека тој јавно неколку пати ги поддржал, преку негови јавни излагања и соопштенија.

– Движењето “За заедничка Македонија” произлезе како одговор на т.н. “Тиранска платформа” и изјавите дека Македонија како држава не треба да постои. Преку стотици иницијативи и барања од граѓани и членови на “За заедничка Македонија” доаѓаа и продолжија да доаѓаат до кабинетот на претседателот, изјави Иванов.

Прашан дали лицето Синиша Алексовски го известувал за своите активности, Иванов рече дека освен што е усно информиран, за се има и пишани белешки.

– Советникот Алексовски кога се случија настаните на 27 април барав да се врати од службен пат. Кога се врати ми ја покажа фотографијата од Живављевиќ и неговата комуникација за тоа што бара во Собранието, за што се покажа дека бил на барање на ажбасадата за да утврди дали имало и српски граѓани при упадот на Собранието, рече Иванов. На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци, меѓу кои и Биљана Бришковска Бошковски и Цветан Трипуновски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести