25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Ивановски: Верувам во оваа Македонија, се надевам дека лекцијата од Рејкјавик е научена

Најчитани вести

Филип Ивановски е еден од поранешните македонските репрезентативци кои му имаат дадено гол на Исланд во меѓусебните пресметки. Сегашниот тренер погоди во победата над „рибарите“ во Скопје во 2009 година (2-0), а даде коментар и за важната средба што следи.

Македонија со триумф над Исланд ќе игра историски бараж за СП 2022. Ивановски вели дека верува во тимот и искрено се надева дека оние лоши десет минути во Рејкјавик на првата меѓусебна средба кога се прокоцка предност од два гола нема да се повторат.

„Мислам дека сме поквалитетна репрезентација, тоа го покажавме на претходниот меѓусебен натпревар. Мора да ја преземеме фаворитската улога и да играме како што игравме на претходните натпревари, само не треба да се надеваме дека Исланд ќе излезе на терен со бело знаме. Оние последни десет минути против Исланд во Рејкјавик да ни бидат мерило како не треба да се игра. Верувам во овој тим, затоа што момците имаат искуство зад себе и настап на едно ЕП како и последните мечеви со Косово и Грузија, мечеви кои мораше да ги добиеме и успеавме во тоа. Мислам дека и сега истото ќе се случи, сите се свесни што не чека и дека ќе се покаже максимумот, без никакво потценување на противникот“, изјави Ивановски.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд стартува со почеток од 18:00 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com