21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Ивановска за џипот на Рашковски: Ќе пријавиме во Финансиска полиција ако е прикажан нереален анкетен лист

Најчитани вести

Неопходен е законот за потекло на имот, кој ќе побара информации секој граѓанин да докаже од каде му е имотот, врз основа на што го стекнал, дали е наследство, дали го купил, некој му го подарил или како било. Советот на Европа нè поддржува, ни обезбеди консултант со кој ќе го започнеме процесот за подготовка на овој закон, тоа е број еден потребен закон во државава, рече на денешната прес-конференција претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

Во однос на автомобилот на поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, Ивановска рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку тој прикажал нереален анкетен лист.

– Доколку утврдиме разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните примања што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш се вклучуваат и други институции, како Финансова полиција. Тие имаат посебни методи за истражување и тоа ќе го докажуваат – рече Ивановска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести