4 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Ибрахимовиќ: Не е нормално Милан толку долго да е надвор од елитата

Најчитани вести

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Кориере дело Спорт“ зборуваше за своите цели и за целите на Милан оваа сезона.

Ибра и на 39 години блеска во дресот на Милан и покажа дека се уште е еден од најдобрите играчи во Серија А.

Швеѓанецот вели дека неговата цел е секогаш да биде на врвот.

„Да се биде втор значи да бидеш прв меѓу последните“, изјави Ибрахимовиќ.

„Не сакам да си поставувам лимити, никогаш не го правам тоа. Сакам да го дадам најдоброто од себе и да го извлечам најдоброто од соиграчите. Дојдов во Милан бидејќи ова е најтешкиот предизвик во мојата кариера. Не е нормално Милан толку долго да биде надвор од елитата. Со должна почит, кога ја видов Аталната во Лига на шампиони, а Милан не, дојдов да го променам тоа“, изјави Ибра.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести