9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Ибрахимовиќ: Меси или Роналдо? Јас сум подобар и од двајцата

Најчитани вести

Шведскиот фудбалски ас Златан Ибрахимовиќ даде интервју за новиот број на магазинот „Франс Фудбал“. 39-годишниот напаѓач на Милан по којзнае кој пат го демонстрира своето високо его и самодоверба, а можеби тоа го прави еден од најдобрите во светот.

На прашањето дали му недостасува „Златната топка“ во колекцијата  на трофеи тој изјави: „На Златан не му недостасува „Златната топка“ туку на „Златната топка“ и недостасува Златан“. Одговорот токму како во вицовите за Чак Норис.

Со сигурност тврдам дека јас сум најдобриот фудбалер на светот во моментов. Роналдо и Меси? Ако гледаме во квалитет, јас сум подобар од нив“, вели Швеѓанецот.

Инаку новото издание на „Франс фудбал“ и интервјуто на Ибрахимовиќ треба да се појави во продажба веќе од денеска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести