21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Ибрахимовиќ го поврзуваа со многу убавици, но тврди дека неговото срце ѝ припаѓа само на 50-годишничката која му го освои срцето!

Најчитани вести

Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер се едни од најинтересните парови во светот на спортот и славните, бидејќи многу малку се знае за нивниот приватен живот.

Еден од најдобрите светски фудбалери, 39-годишниот Златан Ибрахимовиќ во текот на целата своја кариера се обидуваше да го истурка на врвот само фудбалот и сите негови достигнувања, но понекогаш тие остануваат во сенка на неколку скандали, а секако имаше такви поврзани со убави жени.

Тој неодамна беше поврзан со познатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота, со која соработуваше на снимањето реклами, а тамошните медиуми тврдат дека таа се појавила и на прагот на неговата куќа. Тие не сакаа да зборуваат за тоа, исто како 11 години постарата партнерка на Златан, убавата Швеѓанка Хелена Сегер.

Златан го чува својот приватен живот подалеку од љубопитните погледи на јавноста, па ретко ги открива деталите за бракот со поранешната шведска манекенка, со која ги има и синовите Максимилијан и Винсент. Ова е исто така една од дополнителните причини зошто Хелена е интересна за јавноста и предизвикува големо внимание каде и да се појави

Во едно од ретките интервјуа што ги даде, призна на огромно изненадување на сите, дека не троши премногу време на сопствениот изглед, дека мисли дека има премногу големи усни, премногу кратки нозе и дека се чувствува подобро во фармерки отколку во дизајнерски фустани. Хелена нема вработено домаќинка, ужива во брзите возења со мотори, а интервјуата се навистина реткост, има дадено само неколку.

„Кога го запознав Златан, тој имаше 21, а јас 32. Јас веќе имав изградена успешна кариера, мои пари и не ми требаше фудбалер да ме издржува. Бев независна, а тој не беше дури ни мој тип на маж. На нашиот прв состанок, тој го блокираше преминот на мојот Мерцедес со своето Ферари, а на раката му го видов само златниот часовник и големиот нос. Бев лошо расположена, му викав и не мислам дека му се допадна тоа“, рече Хелена во едно од ретките интервјуа.

Колку Златан ја обожава својата сакана, на која ѝ го даде своето срце до крајот на животот, доволно кажува неговата веќе легендарна изјава, односно одговорот на новинарското прашање за тоа каква жена сака.

„На какви жени мислите? Јас сакам само една жена”, рече Златан, осврнувајќи се на неговата Хелена.

Многумина ја опишуваат нивната врска како нетипична врска помеѓу фудбалер и модел, а по нејзината кариера во светот на модата, таа се посвети на претприемништво и всушност водеше поголем дел од бизнисот на Златан и е одговорна за милионските договори со кои потпиша спонзори.

„Само таа ме разбира и можеме да зборуваме за сè. Не сакам да ѝ ласкам премногу, но таа е паметна, многу е паметна и не знам зошто се занимава со манијак како мене”, признал еднаш Златан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести