3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Зaев се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кина во Македонија

Најчитани вести

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Џанг Ѕуо, новоименуваниот амбасадор на Кина во Северна Македонија, кому му ја честиташе функцијата посакувајќи му успешна дипломатска мисија и изразувајќи надеж за продолжување на динамиката и нагорниот тренд во развојот на севкупните пријателски односи меѓу двете земји.

Премиерот Заев, како што соопшти владината прес-служба, изразил убедување дека развојот на трговските и економските односи ќе продолжи на високо ниво, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“.

На средбата било изразено задоволство од реализацијата на досегашните проекти во областа на патната инфраструктура и беше констатирано дека постои голем потенцијал за проширување на проектната соработка и во други области како земјoделството, енергетиката, образованието, туризмот и културата.

Посебно било поздравено тоа што Скопје е седиште на Координативниот центар за културна соработка на „Процесот 17+1”, отворен во март минатата година и беше изразено заедничко задоволство што Македонија ќе биде домаќин на Културниот форум за земјите од „Процесот 17+1” во периодот од 19-ти до 21 ноември 2019 година.

Амбасадорот Џанг Ѕуо на премиерот Заев му ги пренесол поздравите од кинескиот премиер Ли Кечијанг, изразувајќи поддршка кон политиките кои ги води Владата во однос на одржување пријателски односи со соседите, преземените реформски процеси и остварување на стратешките цели на државата.

На средбата било нагласено дека ќе продолжи соработката за реализирање на започнатите проекти и двете страни ќе се заложат за проширување на сферите за соработка со цел зголемување на компаниите кои ќе инвестираат во Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com