14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Зошто јогуртот треба да биде ваша секојдневна навика!

Најчитани вести

Пиење на една чаша јогурт дневно може да го намали ризикот од развој на карцином на белите дробови, покажа новата студија.

Научниците утврдија дека оние кои ја имаат оваа навика имаат и до 20 проценти помал ризик од заболување од карцином на белите дробови, во споредба со оние кои не консумираат јогурт секој ден.

Покрај тоа, истражувањето покажа дека ризикот од карцином на белите дробови кај оние кои консумираат јогурт и намирници богати со растителни влакна е помал за повеќе од 30 проценти.

Студиите досега покажаа дека некои пробиотици, бактерии кои се наоѓаат во јогуртот, имаат антиинфламаторни ефекти и штитат од карцином.

Иако некои советуваат максимално да се смали внесот на млечни производи затоа што содржи заситени масти кои го зголемуваат нивото на холестерол, научниците посочуваат дека овие производи содржат и многу хранливи материи – вклучувајќи калциум, калиум, магнезиум, витамини К1 и К2, како и пробиотици, што е сè важно за здравјето.

Некои претходни студии покажаа и дека консумирањето млечни производи, особено сирење и јогурт, е поврзано со помал ризик од дијабетес тип 2.

За потребите на најновата студија, тим научници анализирале 10 истражувања од САД, Европа и Азија, во кои вкупно учествувале 1,44 милиони луѓе. Го анализирале нивниот внес на влакна и јогурт, а потоа следеле колку од нив заболеле од карцином на белите дробови.

Се покажа дека оние кои пиеле чаша јогурт секој ден, ризикот од карцином на белите дробови бил помал за 19 проценти, а кај оние кои внесувале многу растителни влакна преку овошје, зеленчук, леб, без оглед на консумацијата на јогурт, ризикот бил помал за 15 проценти. Кај учесниците кои секојдневно пиеле јогурт и јаделе намирници богати со растителни влакна, ризикот бил помал за дури 33 проценти!

Научниците веруваат дека ефектот е таков поради прoбиотиците кои се наоѓаат во намирници богати со растителни влакна и пробиотиците во јогурт.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com