Home » Зошто треба секој ден да јадете цреши?

Зошто треба секој ден да јадете цреши?

by Журнал.мк

Постојат многу причини поради кои треба да ги вметнете црешите секојдневно во вашата исхрана, а ова се дел од нив.

Добри се за несоница

Ако имате проблеми со спиењето, дефинитивно треба да јадете цреши. Содржат мелатонин и природно поттикнуваат здрав и квалитетен сон, пишува Д екоенимк.

Го намалуваат холестеролот

Истражувањата покажаа дека црешите, особено сокот и пијалаците направени од нив, го намалуваат ЛДЛ холестеролот кој во најголема мерка е одговорен за поголем ризик од срцев удар.

Сокот од цреши може да биде корисен и за чистење на замастен црн дроб бидејќи ги намалува триглицеридите.

Го регулираат крвниот притисок и спречуваат дијабетес

Црешите помагаат во регулирање на крвниот притисок и стабилизираат хипертензија. Поради киселоста, ова овошје има низок гликемиски индекс што значи дека не предизвикува скокови на инсулин и на тој начин спречува дијабетес.

Ги ублажуваат симптомите на артритис и гихт

Црешите имаат антивоспалителни својства и можат да ја олеснат болката. Добри се и за пациенти со остеопороза. Ова овошје ги ублажува болките кои се јавуваат како последица од артритис и гихт.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More