Home » Зошто Треба Редовно Да ДАРУВАТЕ КРВ?

Зошто Треба Редовно Да ДАРУВАТЕ КРВ?

by Журнал.мк

Кога ќе одлучите да донирате крв, прво ќе треба да пополните прашалник кој поставува повеќе од 25 прашања за тоа дали земате лекови, дали сте извадиле заб во последните седум месеци, дали неодамна сте се тетовирале, ставиле пирсинг, сте се оперирае, какви се вашите сексуални навики…

Потоа од капка крв земена од прстот ќе се утврди нивото на хемоглобинот, лекарот ќе ве прегледа и ќе утврди дали сте во можност тој ден да донирате крв или не.

Кога ќе се земе вашата крв, со комплет за еднократна употреба, таа ќе биде темелно тестирана за болести кои исто така може да се пренесат со трансфузија: СИДА, жолтица Б и Ц и сифилис.

Овие анализи се бесплатни за вас, а се прават од примерокот на крв на секој дарител по секое дарување крв.

Многумина сепак се прашуваат, каква е целта на дарување крв, покрај благородната, и дали тоа му штети на здравјето?

Се подмладувате

Телото брзо го компензира изгубеното количество крв. Плазмата се заменува за 48 часа, леукоцитите за неколку часа, тромбоцитите за 3 до 5 дена, еритроцитите за 4 недели и содржината на железо во еритроцитите за околу 8 недели. Нивото на хемоглобин се намалува за околу 10 g/L. Со соодветна исхрана, вредноста на хемоглобинот се враќа на претходната вредност за околу 8 недели. Коскената срцевина се стимулира да произведува нови, млади крвни клетки.

Го штитите вашето кардиоваскуларно здравје

Дарувањето крв ја подобрува циркулацијата и го намалува ризикот од миокарден инфаркт кај мажите кои даруваат крв 2 до 3 пати годишно, како и кај жените во менопауза. Исто така, вискозноста на крвта, фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања, може да се намали со редовно дарување крв.

Го намалувате ризикот од добивање рак

Истражувањата покажаа дека луѓето кои даруваат крв имаат пониско ниво на железо во крвта, што го намалува ризикот од добивање рак, пред се рак на црниот дроб, белите дробови, дебелото црево и грлото.

Го забрзувате согорувањето на калориите

Доброволното дарување крв не е диета, но ако тоа ви значи, да ви кажеме дека при дарување на околу половина литар крв согоруваме, во просек, 650 калории.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk