6.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Зошто не треба да спиете после тренингот?

Најчитани вести

Лекарите советуваат дека после тренингот не смеете да спиете барем два саати, а еве и зошто…

Тренингот претставува голем физички напор за нашето тело и нормално е после него дека ќе сакате да одморите. Сепак, она што никогаш не треба да го направите е да легнете да спиете веднаш после тренингот. Лекарите и фитнес стручњаците сметаат дека треба да бидете будни најмалку два часа по тренингот, со цел вашето тело да се нормализира, затоа што ако веднаш заминете во кревет после тешките вежби, може да си создадете проблеми.

Додека тренирате, вашиот пулс се забрзува, исто како и вашиот метаболизам. Вашето срце чука побрзо и целото тело ви е во хипер состојба. Спиењето ги успорува сите овие процеси, па ако легнете да спиете после напорниот тренинг, можат да се случат драстични промени во отчукувањата на срцето, што може да доведе до кардиоваскуларни проблеми како последица.

За да не се предизвикаат нарушувања на срцевиот пулс од спиењето, на телото му е потребно постепен премин во состојба на мирување – и тоа мора да трае најмалку 2 часа.

Затоа, избегнувајте вежбање доцна во ноќта, по кое ќе мора да заминете веднаш во кревет, бидејќи тоа ќе го загрози вашето здравје. Изберете вежбање рано наутро, затоа што после тренингот ќе имате цел ден пред вас за други активности што природно ќе го нормализираат вашето тело.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com