31.8 C
Skopje
Wednesday, August 17, 2022

Зошто не е паметно да ги качувате нозете на контролната табла додека се возите?

Најчитани вести

Качувањето на нозете на контролната табла од совозачката страна во автомобил не е забрането со никакви прописи. Но, пред да го направите тоа, подобро е да размислите.

Нема правило кое му забранува на патникот да се вози со нозете или стапалата потпрени на контролната табла. Полицијата во своите обраќања до јавноста не се повикува на законските прописи за ваквото однесување, туку се обидува да допре до здравиот разум на луѓето кои така постапуваат.

Во таа смисла, најдобро е да започнеме со видео за тоа што се случува кога нашиот автомобил ќе се судри со друг автомобил, не нужно при големи брзини, а нашите нозе доживуваат близок контакт со активирањето на предното воздушно перниче (под претпоставка дека ги почитувате сообраќајните закони и носите појас).

Ако она што се случи со ногата на манекенот од видеото погоре не убеди никого да се воздржи од ставање на стапалата на контролната табла, еве уште подрастично видео – иако сепак со тест-кукли:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com